„Станува збор за класична пропаганда“, вака од Министерството за внатрешни работи ги оценија шпекулациите објавени во повеќе срспки медиуми за наводно режиран упад на лица облечени во српски полициски и воени униформи на македонска територија со цел да се предизвика дипломатска војна, пишува „Дојче Веле“.
Индикативно е што шпекулациите се појавија во исто време со потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Според написите во српските медиуми владата предводена од Заев сака да предизвика напнатост меѓу Македонија и Србија. По насловот „Заев режира упад на Србите во Македонија?“, српскиот весник „Вечерње новости“ пишува дека се подготвува уфрлување на вооружена група Албанци во граничната зона на Србија и Македонија, кои требало да бидат облечени во униформи на српски војни или полициски единици, а нивна задача би била преку непристапни делови на границата да преминат на македонска територија, вршејќи „извидување“. Притоа, таа група би била снимена, што би довело до дипломатска војна меѓу двете држави.
Српските медиуми веќе појавија анимозитет кон Македонија паралелно со подобрување на односите на земјава кон Бугарија.