Шпекулациите не го кројат раководството – утре ЦО на СДСМ ќе ги комплетира раководните органи

by Fokus

Многу шпекулации, неточни брифинзи, апетити и по некоја лична агенда – вака за „Фокус“ коментираат високи извори од СДСМ за неколкуте медиумски лиферувања на имиња за позиции во новото раководство во СДСМ.

„Конгресот избра заменичка на претседателот и членови на Централниот одбор, а ги потврди и намерите на претседателот Филипче за засилување на човечкиот потенцијал во новите раководни органи на СДСМ. Изборот на раководните тела продолжува низ статутарните постапки, утре во 19:00 часот Централниот одбор се очекува да избере членови на Извршниот одбор, потпретседатели на партијата, генерален секретар, организациони секретари и меѓународен секретар. Раководството на СДСМ се избира низ јасно утврдени и испланирани постапки, а не од шпекулативни медиумски влијанија” – велат за „Фокус“ изворите од СДСМ.

„Фокус“ дознава дека не се точни поголем дел од информациите лиферувани во некои медиуми за личности кои евентуално би станале дел од новото раководство, како на пример онаа дека Митко Андреевски ќе бил нов генерален секретар на СДСМ.

Поврзани новости