259
Талат Џафери – претседателот на Собранието денеска на брифинг со новинарите ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека екс премиерот и бегалец Никола Груевски му дал УСБ и плико на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.
Според Џафери, ова е нечија дневно политичка тема за да ја одбегне реалната состојба.
„Кажав и повторно ќе кажам ова е нечија дневно политичка тема за да ја одбегне реалната состојба. Инсинуација и чиста шпекулација дека сум добил некакви документи од Груевски. Ниту сум имал комуникација, ниту пак сум имал потреба од комуникација со Груевски“, порача Џафери.