Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со одлични резултати во 2021 година

by fokus

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за 2021 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје во текот на 2021 година оствари раст во сите сегменти на работењето и тоа:

– Раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции од 27,4%;

– Раст на бројот на новофинансирани лизинг предмети од 30,7%;

– Раст на вкупното портфолио од 19%;

Овие позитивни движења условија со одлични финансиски перформанси и тоа:

– Раст на нето приходите од камати за 13,8%;

– Раст на нето приходите од надоместоци за 12,9%

– Стапка на поврат на капиталот (ROE) во висина од 28,1%;

– Соодносот помеѓу трошоците и приходите (CIR) изнесуваше 28,6%;

– Раст на нето профитoт по оданочување од 35,3%, и истиот во 2021 година достигна 1,2 милиони евра;

Во текот на 2021 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје забележа напредок во сите сегменти на работењето, иако последиците од Ковид-19 кризата се уште силно се чувстваа на пазарот и закрепнувањето на економијата одеше со побавно темпо од очекуваното. Уште еден фактор кој влијаеше на пазарот беше и намалената понуда на возила која особено се почуствува во текот на втората половина од 2021 година.

Сепак, соодветната поставеност и понуда на флексибилни производи и услуги доведе до раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции за 27,4% споредено со 2020 година и раст на бројот на новофинансирани предмети за 30,7%.

Особено значаен е растот во сегментите на лесни и тешки товарни возила за 120,2% и 57,4% респективно, што означува дека компаниите се справуваат со последиците од кризата и повторно започнуваат да инвестираат.

Значајно за одбележување во текот на 2021 година беше и продолжувањето на соработката со ЕБРД при што Шпаркасе Лизинг Доо Скопје повторно доби можност за финансирање на своите клиенти преку линијата за енергетска ефикасност со 15% грант, со што останува првата и единствена лизинг компанија во Македонија која има пристап до оваа линија.

“Главен акцент во нашето работење во текот на 2021 година ставивме на флексибилноста и достапноста на нашите лизинг производи и постојаниот контакт со нашите партнери и клиенти. Како резултат на тоа постигнавме одлични резултати со раст во сите сегменти на работењето особено водејки сметка и за ефикасноста, при што нашата стапка на поврат на капиталот (ROE) изнесува 28,1% со истовремено низок коефициент помеѓу трошоците и приходите (CIR) кој изнесува 28,6%.

Во текот на 2022 година ќе се фокусираме на воведување нови услуги и пакети на мобилност за нашите корисници и воведување дигитални алатки и апликации со што ќе ја потврдиме нашата водечка улога на лизинг пазарот“ истакна Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје. За повеќе информации посетете ја веб страната на s-leasing.mk.

ПР текст

Поврзани новости