ШПАРКАСЕ БАНКА КОРИСТИ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО ПРЕКУ ИНСТАЛАЦИЈА НА ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ

by fokus

Шпаркасе Банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија што има за цел да го намали негативното влијание врз животната средина, во 2022 г. реализираше значајни проекти што ќе придонесат за подигнување на свесноста за заштита на животната средина и на тој начин даде позитивен пример за вработените, клиентите, соработниците и за целата заедница.

Еден од најзначајните проекти во оваа сфера беше инсталацијата на фотоволтаични системи, најпрво во Централната зграда на Шпаркасе Банка во Скопје. Инсталираните системи се проектирани и димензионирани за производство на електрична енергија преку сончев извор со капацитет до 40 kWh за целиот објект. Годишното производство на електрична енергија добиена од обновливи извори е планирана на 50.000 kWh, а енергијата добиена од фотоволтаичните системи ќе ги задоволи годишните потреби за 10% до 15% електрична енергија во објектот на Шпаркасе Банка.

Добиената енергија од фотоволтаичните системи директно ќе влијае врз заштита на животната средина преку намалување на CO2 емисија за 23.000 кг/годишно еквивалентно на:

Приближно 100.000 км изминати со автомобил
Приближно 700 посадени дрва
Приближно 700 км изминати со авион

Шпаркасе Банка АД Скопје во својата стратегија на работење, особено внимание посветува на рационално користење на електричната енергија и управувањето со животната средина. За таа цел во континуитет се работи на воспоставување енергетско ефикасни решенија како и на пристап за подобро разбирање и подобрување на одржливоста на објектите на Шпаркасе Банка АД Скопје и сопствено користење на енергијата, а со тоа и влијанието врз животната средина.

ПР текст

Поврзани новости