764
Далечинското гласање на членовите на шпанскиот сенат, иако е предвидено како можност, ќе се случи првпат во историјата и тоа токму за ратификација на Пристапниот протокол за Северна Македонија во НАТО, пренесе порталот 360.
Седницата на Сенатот на Шпанија на 17 март, со единствена точка на дневниот ред – ратификација на Пристапниот протокол за Северна Македонија во НАТО, ќе има комбиниран карактер. Членовите што се во можност ќе бидат присутни во пленарната сала на Сенатот, а оние што нема да можат поради коронавирусот, ќе учествуваат и ќе гласат преку видео-конференција.
Ова пред малку го објави претседателката на Сенатот, Марија Пилар Лоп Куенса.