87
Луис де ла Фуенте – селекторот на шпанската фудбалска репрезентација бара да се укинат продолженијата, барем за дуелите во осминафиналето и четвртфиналето на европските првенства.
Де ла Фуенте смета дека подобро би било да нема дополнителни 30 минути во првите две кола од нокаут-фазата на континенталниот собир.
„На турнир како што е Европското првенство можеби би било и подобро продолженијата да се укинат“, рече Де ла Фуенте.
Според него, ако нема продолженија во осминафиналето и четвртфиналето, фудбалерите ќе ја задржат свежината за подоцнежната фаза од натпреварувањето.