Пратениците на Долниот дом на шпанскиот парламент гласаа против признавањето на независноста на Косово.
Против таа иницијатива гласаа 293 пратеници, за беа 25, а воздржани 27 пратеници, пишува РТС.
Иницијативата за признавање ја покрена парламентарната група Јунтс на каталонската партија, а беше поддржана од баскиските партии.
За време на дебатата, која се одржа во вторникот, пратениците од Народната партија (ПП), партијата Вокс и Социјалистичката партија на Галиција се изјаснија против иницијативата.
Против гласаа и членовите на владејачката Социјалистичка партија.
Шпанија е една од петте земји од Европската унија кои сè уште не ја признаваат независноста на Косово.
Се смета дека главната причина за непризнавањето е поврзана со ставот на Шпанија кон аспирациите на нејзиниот североисточен регион, Каталонија, да стане независен.