585
Шпанските медиуми повикувајќи се на амбасадата на Шпанија во НАТО потврдија дека по гласањето во Сенатот, Кралот на Шпанија Фелипе VI го потпишал ратификациониот инструмент, кој во наредните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон, пренесе порталот 360 степени.
Според процедурата, откако седиштето на Алијансата во Брисел ќе добие потврда дека ратификацискиот инструмент е депониран, тоа и официјално ќе значи дека процесот на пристапување на Северна Македонија е завршен и таа е 30-та членка на НАТО.