Ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО по итна постапка во шпанскиот Парламент тешко дека може да се случи до 11 февруари, но тоа не е невозможно, изјави денеска амбасадорот на Шпанија во Скопје, Емилио Лоренцо.
-Новата шпанска Влада веќе го испрати Протоколот до Парламентот со барање да биде ратификуван по брза постапка. Но, имајќи предвид дека има два дома во Парламентот, а Протоколот треба да помине и на Комисијата за надворешни работи, а потоа и на пленарна седница, тешко е да се очекува оти ќе биде ратификуван пред 12 февруари. Тешко, но не и невозможно, изјави денска во Собранието, амбасадорот Лоренцо.
Според најавата на собранискиот спикер, Талат Џафери, Собранието на Република Македонија треба да го ратификува Протоколот за НАТО на пленарна седница на 11 февруари, ден пред распуштањето на сегашниот пратенички состав.
Џафери изрази надеж дека дотогаш Протоколот ќе биде ратификуван во Шпанија, последната од 29-те земји членки која досега го нема направено тоа. Ако до 11 февруари е заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во македонското Собрание би била донесена со одложено дејство.