436
Шпански бизнисмен е осомничен за кражба на здравствен и санитетски материјал. Тој, наводно, го продавал истиот на компанија во соседна земја.
Полицијата вчера го уапсила осомничениот во градот Сантијаго де Компостела, северна Шпанија. Меѓу запленетата стока имало и два милиона заштитни маски, украдени од тамошната компанија којашто се занимава со производство на здравствен материјал. Вкупната вредност на стоката изнесува пет милиони евра.
Осомничениот, чие име не се соопштува, е фатен со помош на сведоци и безбедносните камери. Истрагата е во тек.
Се претпоставува дека украдената стока била наменетеа за продажба во соседна Португалија.