Шпанка барана од Интерпол присилувана на сексуални односи во Струга

by fokus

Триесет и девет годишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.

– Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С.(29) од струшкото село Радолишта, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21 часот и 30 минути во полициската станица – Струга приведен е Ш.С. и со него извршен е службен разговор, изјави денеска Димоски.

За случајот, додаде, бил известен Јавен обвинител и по целосното расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости