Шпанија стана европски ракометен шампион, во финалето ја победи Хрватска со два гола разлика

by Фокус

Репрезентација на Шпанија со 22:20 ја победи Хрватска во големото финале и стана европски шампион во ракомет.

Со тоа, Хрватска по трет пат губи во финале на континенталниот ракометен собир, што е единствената титула која недостига во витрините на хрватскиот селектор Лино Червар.

Инаку, натпреварот беше неизвесен во целиот тек, така што и двете селекции имаа свои периоди, а одбраните беа во преден план.

Хрватска водеше во најголемиот дел од првото полувреме, па имаше и 3 гола предност во еден период (10:7), но потоа следуваше серија на Шпанците од 5:1 и на одморот тие заминаа со водство од 12:11.

Во второто полувреме, Шпанија дојде и до четири гола предност, поведувајќи со 16:12, но Хрватска успеа да се врати и повторно да дојде до водство од 19:18.

Сепак, во финишот Шпанија беше поумешна и дојде до победа од 22:20.

Гомез со пет гола беше најефикасен во шпанската репрезентација, додека кај Хрватите Дувњак реализираше пет пати.

Поврзани новости