Репрезентацијата на Шпанија минимално ја совлада селекцијата на Италија со 1-0 во второто коло од групата Б на Европското првенство во Германија.
Актуелниот европски шампион немаше сили да се спротивстави на поагилниот противник и повеќе од заслужено бодовите отидоа кај Фуријата.
Италијанците во првото полувреме се обидуваа да ја држат топката, но Шланците беа поконкретни, го наметна својот стил.
Во првите 45 минути немаше промена на резултатот.
На стартот од вториот дел Италија се обиде да заигра поконкретно, Шпанците дозволија да ја имаат топката, но следуваше студен туш.
По една акција во офанзива, следуваше нафрлена топка во шеснаесетникот која по интервенцијата на Донарума удри во ногата на Рикардо Калафиори, кој си постигна ефектен автогол во 55. минута.
الحساب الاساسي | @iT7HD pic.twitter.com/FDYi0IZCHn
— تغطيات (@Nedra564108) June 20, 2024
Навивачите на „аѕурите“ делуваа разочарано, додека на спротивната страна започна славјето. Во продолжениа момчињата на Спалети дадоа скоро сѐ од себе за да дојдат барем до израмнување, но како одминуваше времето, беше јасно дека Италија нема сили да го пробие бедемот на вечниот ривал.
Преку Јамал и Вилијамс Шпанците имаа можност да го зголемат водството, но на крајот остана резултатот од 55 минута.
Сега Италија ќе ја бара својата шанса за пласман во осминафиналето на последниот меч против Хрватска.
Шпанија е сигурен патник во елиминациите, а за место во оваа фаза теоретски шанси има и нивниот следен противник – Албанија.