Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез на вчерашните регионални збори во Андалузија претрпе пораз од десничарската Народна партија (ПП).
Според делумните резултати, ПП, чиј кандидат Хуан Мануел Морено претседава со регионот од 2018 година, освои апсолутно мнозинство во Парламентот на Андалузија односно 56 од 109 пратенички места, додека ПСОЕ – 32 места.
Успехот на ПП на вчерашните регионални избори ќе го зајакне лидерот на ПП, Алберт Нуњез Фејо, пред парламентарните избори, што се закажани за крајот на 2023 година.
Андалузија е најнаселениот шпански регион, со 8,5 милиони жители и е поранешно историско упориште на социјалистите кои континуирано владееја со областа од 1982 година до последните регионални избори во 2018 година.