Шпанија ќе го укине задолжителното носење маски на отворено

by Fokus
Владата на Шпанија од следниот четврток ќе го укине задолжителното носење маски на отворено како мерка против коронавирусот, изјави денеска министерката за здравство Каролина Даријас.

Мерката беше повторно воведена кон крајот на декември за да се спречи ширењето на варијантата Омикрон.

– Кабинетот планира да ја одобри промената на својата неделна седница закажана за вторник и да ја стави во сила два дена подоцна. Владата секогаш велеше дека ќе трае само додека е строго неопходно, изјави Даријас за радиото Ла СЕР.

Таа додаде дека стапката на инфекција паѓа веќе неколку дена, поради што Владата верува дека ситуацијата е променета.

Во изминатите две недели, стапката на инфекција со Ковид-19, забележана во изминатите 14 дена, постојано се намалува, достигнувајќи 2.421 случаи на 100.000 луѓе во четвртокот, во однос на речиси 3.400 на почетокот на јануари.

Неколку европски земји во последните денови почнаа да ги укинуваат ограничувањата за коронавирусот. Маските на отворено повеќе не се задолжителни во Франција, а италијанската Влада во средата соопшти дека ќе објави распоред за постепено укинување на ограничувањата.

Поврзани новости