742
Шпанската туристичка асоцијација ЦЕХАТ денеска понуди да им плати на странските туристи тестови за корона вирусот со цел да ги охрабри посетителите да дојдат во Шпанија.
Понудата доаѓа откако Велика Британија воведе 14-дневен карантин за туристите кои се враќаат од таа земја.
Опишувајќи го карантинот како нелогичен и неправеден, ЦЕХАТ соопшти дека помасовно тестирање на патниците е подобра гаранција за безбедност на туристите, работниците и жителите.