Шпанија им ги враќа парите на граѓаните кои го прекршиле полицискиот час

by fokus

На сите шпански државјани кои биле казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат вратени парите, потврдиле од полицијата.

Државата се одлучила на овој потег откако Уставниот суд на почетокот на оваа година пресуди дека првата вонредна состојба, која Шпанија ја прогласи минатата година од 14 март до 21 јуни, во која сите граѓани, освен оние кои се вработени на итни работни места, мораа да останат во куќите е неуставна, пренесува АП.

Полицијата во тој период казнила граѓани кои ја прекршиле наредбата да останат дома, како и други мерки со 1,1 милион евра, иако не биле веднаш наплатени сите казни.

Во Шпанија, од почетокот на пандемијата се пријавени речиси пет милиони случаи на инфекција, при што умреле најмалку 87.000 луѓе.

Досега 78 отсто од оние кои можат да ја примат вакцината се целосно вакцинирани во таа земја, потсетува АП.

Поврзани новости