Шпанија го укинува карантинот за странски туристи од 1 јули-„Најлошото е зад нас“

by Frosina Fakova

Шпанија од 1 јули ќе го укине двонеделниот карантин за странските туристи, објави денеска шпанската Влада.

Шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја на својот профил на Твитер напиша: „Најлошото е зад нас“ со емотикони бикини, очила за сонце и куфери.

„Во јули, постепено ќе ја отвориме Шпанија за странските туристи, ќе го укинеме карантинот, ќе ги обезбедиме највисоките здравствени стандарди. Со нетрпение очекуваме да ве угостиме“, напиша таа на Твитер.

На баровите и рестораните во Мадрид и Барселона од денеска им е дозволено да работат во надворешниот дел со половина капацитет, но многумина остануваат затворени прашувајќи се дали тоа ќе биде профитабилно за нив.

Поврзани новости