546
Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска го одобри барањето на владата за продолжување на вонредната состојба до 26 април заради ширењето на коронавирусот, пренесоа светските агенции.
Седницата на парламентот се одржа во практично празна сала, бидејќи над 300 пратеници гласаа преку видео врска.
По секој говор на присутните пратеници се вршеше дезинфекција на говорницата.
Рестриктивниот режим на однесување владата го воведе на 14 март со рок на важење од 15 дена.