Шпанија сега ги признава косовските пасоши, но сè уште не ја признава Косово како независна држава одвоена од Србија, изјави на 8 јануари шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.
Мадрид ги призна пасошите откако на 1 јануари стапи на сила долгоочекуваната шема за визна либерализација на Европската унија, која им дозволува на косовските граѓани да патуваат во без визи во безграничната зона на Европа.
Новиот режим им овозможува на косовските граѓани да влезат во Шенген зоната без визи за период до 90 дена во временска рамка од 180 дена.
Досега, Шпанија беше единствената членка на ЕУ која што не ја призна независноста на Косово и која одбиваше влез на сопствениците на косовски пасоши, дури и ако тие поседуваа шенген виза.
„Шпанија сè уште не го признава суверенитетот или независноста на Косово, бидејќи ние не ги признаваме едностраните прогласи за независност“, рече Албарес за новинарите.