Шпанија ги отвора границите за вакцинирани патници

by Fokus

Шпанија од денеска ги отвора границите за патници вакцинирани против коронавирусот. Во обид да го оживеат туризмот, шпанските власти одлучија дозволата за влез да важи за патници што доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген.

Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против ковид-19, а од денеска ќе бидат дозволени и крстарења од пристаништата.

Министерка за здравство Каролина Дарија изјави дека Шпанија е во процес на враќање на своето глобално лидерство во туризмот и дека е безбедна дестинација за патување.

Претходно, Шпанија дозволи влез на европски посетители кои имале негативен ПЦР-тест во претходните 72 часа, но од денеска посетителите можат да направат и антигенски тест.

Поврзани новости