Шпанија е решена: Нема да признаеме независно Косово

by Fokus

Слободан Зечевиќ, научен советник во Институтот за европски студии, рече дека Шпанија гледа кон Косово како „закана“ за сопствените интереси.

Тој изјави дека во овој контекст има многу коректен однос кон Белград, во смисла на непризнавање на независноста на Косово и така ќе остане, пренесува Јуронуз Србија.

Зечевиќ изјави дека Шпанија го гледа случајот со Косово како опасен преседан кој апсолутно не и одговара, особено ако се земат предвид аспирациите на Каталонија за отцепување.

„Шпанија е многу цврста во својата политика на непризнавање на Косово, дури и претходната влада беше уште поцврста и поставуваше посебни услови кога станува збор за учеството на Косово на некои состаноци. Сепак, глобалната политика на ЕУ е во корист на Косово бидејќи најголемите држави ја поддржуваат независноста на Косово што е наш најголем проблем.Шпанија не блокира некои стратешки одлуки на ЕУ.На пример не го блокираа охридскиот документ, а тој е доста контроверзен кога е Косово во прашање, во смислата дека на индиректен начин зборува дека Косово е независна држава која учествува во меѓународните односи Нивната позиција е малку двосмислена – не ја признаваат независноста на Косово, но не ги блокираат тие стратешки одлуки на ЕУ во однос на дијалогот меѓу Белград и Приштина“, рече Зечевиќ.

Шпанскиот амбасадор во Србија, Раул Бартоломе Молина, неодамна изјави дека земјата ги поддржува напорите на високиот претставник на ЕУ Џузепе Борело и емисарот за дијалог Мирослав Лајчак за решавање на ситуацијата на северот на Косово, како и дека ставот на официјален Мадрид во однос на непризнавањето на Косово ќе остане непроменет.

Поврзани новости