Шпанија е четвртиот учесник во четвртфиналето на ЕП

by Fokus

Репрезентацијата на Шпанија е четвртиот учесник во четвртфиналето на Европското првенство во Германија.

Шпанските фудбалери вечерва во Келн славеа победа со 4:1 против Грузија.

Први постигнаа гол Грузијците со автоголот на Ле Норманд. До крајот на првото полувреме Шпанија израмни на 1-1 со голот на Родри.

Водство за Шпанците донесе Фабијан Руиз во 51. минута по големата грешка на одбраната на Грузија. На 3-1 зголеми Нико Вилијамс во 75. минута, а конечните 4-1 беа дело на Олмо во 83. минута.

Шпанија во четвртфиналето за противник ќе го има домаќинот Германија.

Поврзани новости