Без разлика од која позиција на АТП листата Карлос Алкараз ќе влезе на Вимблдон, тој нема да биде фаворит на тој турнир.
Улогата на главен кандидат за освојување на третиот Грен слем сезонава е резервирана за човекот кој го освои пехарот во Лондон во последните четири изданија, а вкупно седумпати – Новак Ѓоковиќ.
Србинот освои повеќе натпревари на Вимблдон од сите други најдобри 20 тенисери во светот заедно.
Затоа и не е чудно што обложувалниците веруваат во неговиот успех.
Запрашан да зборува за неговото учество на Вимблдон, Алкараз рече дека верува дека некогаш ќе го освои пехарот.
– Се трудам да учам од најдобрите и ми станува поудобно. Мислам дека ќе освојам барем еден Вимблдон – изјави Шпанецот по пласманот во полуфиналето на турнирот во Квинс.
Carlos Alcaraz believes he’ll win at least 1 Wimbledon title:
“I try to learn from the best, and I’m more and more comfortable. I think I will win at least one Wimbledon.” pic.twitter.com/hNE0Fs7oKx
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) June 24, 2023