Шпанец и Холанѓанец натепале арачиновец во Аеродром

by irena 14:09
14:09

Вчера во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Х.(37) од Холандија и Х.Ј.Ц.М.(38) од Шпанија.

Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата странски државјани биле уапсени, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19:00 часот во депо на Железници на РСМ-Транспорт АД-Скопје физички го нападнале И.Џ.(33) од село Арачиново.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести