1
Вчера во 16:40 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со П.Ј.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 25-годишна поранешна партнерка дека ја следел и ѝ испраќал пораки, а исто така дека под нејзиното возило пронашла уред за следење.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.