981
Актерот и режисер Шон Пен кој до неодамна престојуваше во Украина каде го снимаше документарецот, го даде своето прво интервју по напуштањето на државата.
Тој го пофалил украинскиот претседател Володомир Зеленски поради неговата храброст во овој конфликт.
„Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и восхитен од него и преплашен за него и Украина“, вели Пен кон упати критики кон претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Тоа е веќе брутална грешка на одземени животи и скршени срца, а ако не попушти, верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво. Путин нема толку брзо да се пензионира“, додаде тој.