Шон Пен ја има храброста која им недостига на западните политичари, порача украинскиот претседател

by fokus

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски е објавено соопштение во кое му се заблагодарува на актерот и режисер Шон Пен (61), кој дошол во Киев со цел да сними се што моментално се случува во Украина и да му ја раскаже на светот вистината за руската инвазија.

-Шон Пен е помеѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина. Нашата земја му е благодарна на таквото искажување на храброст и почитување – наведено е во соопштението.

Исто така, пишува дека Пен покажал храброст која им недостигала на многу други, посебно на западните политичари.

-Колку повеќе има такви луѓе, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, побргу ќе ја запреме оваа гнасна инвазија на Русија – се наведува.

Шон Пен и минатата година ја посетил Украина.

Вики Клинчарова

Поврзани новости