382
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин дека жали за судбината на цивилите во конфликтот меѓу Израел и Хамас, додека неговата војска војува во Украина.
Путин предупреди дека очекуваната копнена офанзива ќе доведе до „апсолутно неприфатливи“ цивилни жртви. Тој, исто така, го опиша смртоносниот напад врз болницата во Газа претходно оваа недела како „трагедија“.
Шолц изјави пред германскиот парламент:
„Ме прави повеќе од бесен кога го слушам рускиот претседател како упорно предупредува дека може да има цивилни жртви во вооружен конфликт. Неговите изјави не можат да бидат поцинични“, пренесува Индекс.хр.