Шолц во посета на Израел, прв шеф на држава кој патува во оваа земја по големиот напад на Хамас

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска е во посета на Израел. Тој се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да разговара за „конкретни практични прашања“ како безбедносната ситуација во Израел и организацијата на хуманитарна помош. Исто така, треба да стане збор и за тоа како може да се спречи ширењето на конфликтот во други региони.

„За мене е важно да изразам солидарност со Израел на многу практичен начин преку мојата посета. Ова е важно за земјата и нејзиниот народ“ рече Шолц.

Тој во Израел ќе се сретне и со роднините на германските заложници кои ги држи Хамас. Пред средбата, роднините повторно јавно го повикаа Шолц да работи на ослободување на киднапираните од Појасот Газа.

Израелската влада во моментов верува дека има речиси 200 заложници во Појасот Газа. Меѓу нив има и неколку Германци со кои германската влада нема никаков контакт. Минатиот петок германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го посети Израел и исто така се сретна со роднините на германските заложници.

Шолц е првиот шеф на влада или на држава кој патува во Израел по големиот напад на палестинската терористичка организација Хамас на 7 октомври.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе го посети Израел утре.

Поврзани новости