281
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази уверување дека ЕУ ќе ги донесе сите неопходни одлуки за да обезбеди стабилност во Украина и покрај разликите во ставовите што постојат меѓу одделни членки на Унијата.
„Имам впечаток дека ќе ги донесеме неопходните одлуки за финансиската стабилност на Украина“ изјави Шолц по самитот на ЕУ во Брисел, наведувајќи дека смета оти некои различни мислења на земјите-членки нема да влијаат на конечната одлука на Унијата, објави Ројтерс.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно денеска изјави за унгарското државно радио дека не гледа причина Унгарија да ги испраќа парите на своите даночни обврзници за поддршка на Украина.