Шолц со спротивна политика од Меркел: Германија ја заострува миграциската политика

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска по разговорите со премиерите на 16 германски покраини се согласи да ја заостри мигрантската политика и да издвои дополнителни пари за бегалците.

Германската Влада се согласи на мерки кои ќе го олеснат депортирањето на мигрантите, а земјата ќе биде помалку атрактивна дестинација за нив, што е во спротивност со политиката на „отворени врати“ на поранешната премиерка Ангела Меркел.

Средбата во Берлин имаше за цел да се добие поддршка од покраинските премиери за ваквите потези, како и да се земат предвид поплаките на локалните власти поради преоптоварувањето на локалните буџети и инфраструктурата.

Како резултат на тоа, владата прифати да им исплати на провинциите и општините 7.500 евра по бегалец, почнувајќи од следната година, како и однапред исплата од 1,75 милијарди евра во првата половина на 2024 година.

Европската унија се обидува да ги промени правилата за азил и миграција на европскиот блок за да го намали растечкиот број на илегални мигранти, додека некои земји-членки се обидуваат да склучат свои договори со Рим, најавувајќи дека ќе изградат прифатни центри во Албанија за сместување на мигрантите кои се обидуваат по морски пат да стигнат до Италија.

Поврзани новости