Шолц: Ситуацијата во Украина дава мала причина за разговор со Путин

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Nürnberger Nahrichten изјави дека сегашниот развој на конфликтот во Украина му дава малку причина да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тој ќе преговара кога ќе биде вистинското време.

„Последниот телефонски разговор беше во декември минатата година. Актуелниот развој на ситуацијата на фронтот во последно време дава малку причина за разговор, но јас ќе го направам тоа повторно во вистинско време за да ги унапредиме нашите цели“, рече Шолц.

Според РИА Новости, Шолц минатата недела изјавил дека наскоро планира да разговара со Путин.

Поврзани новости