Шолц: Што побргу да почнат преговорите со Македонија и Албанија

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е неопходно што поскоро да започнат преговорите за полноправно членство во Европската унија со Македонија и Албанија.

-Секое одложување на Западен Балкан ги прави уште поранливи на влијанието на трети земји, рече Шолц по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон во Берлин.

Тој рече дека и шведската премиерка и тој се согласиле дека преговорите со Албанија и Македонија треба да започнат „што е можно поскоро“.

Шолц и Андерсон повикаа и на поправедна распределба на бегалците од Украина. Германскиот канцелар изјави дека досега во Германија пристигнале над 300.000 бегалци од Украина, но дека сега треба да се солидаризираат и другите земји.

-Досега огромното мнозинство бегалци од Украина бараа заштита во соседните земји, но и во Германија. Сега се работи за други земји кои преземаат луѓе кои не знаат каде ќе одат во оваа ситуација, рече Шолц.

Шведската премиерка Андерсон изјави дека Шведска не може да прифати толку бегалци како во 2015 година.

-Тогаш презедовме 12 отсто од сите бегалци кои пристигнаа во Европа. Веќе не можеме да го правиме тоа, рече Андерсон.

Поврзани новости