Шолц: Руската победа во Украина драматично ќе го промени лицето на цела Европа

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди на сериозните последици од победата на Русија во Украина, неколку часа пред да замине за Вашингтон на средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Во колумна за Волстрит журнал, Шолц ги предупреди сојузниците на Украина да не ја намалуваат воената поддршка за земјата, која речиси две години се бори со целосна руска инвазија.

„Нашата порака е јасна: Мораме да направиме се што можеме за да ја спречиме Русија да победи. Ако не го сториме тоа, наскоро би можеле да се разбудиме во свет уште понестабилен, заканувачки и непредвидлив отколку што беше за време на Студената војна“, напиша Шолц.

„И покрај нашата поддршка, Украина наскоро би можела да се соочи со сериозен недостиг на оружје и муниција“, предупреди германскиот канцелар, додавајќи дека некои финансиски обврски веќе се истечени, а други треба да се продолжат.

„Долгорочните последици и трошоците од неуспехот да се запре агресијата на рускиот претседател Владимир Путин би ги засениле сите инвестиции што ги правиме сега“, истакнува Шолц.

Поврзани новости