428
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе не може да победи на бојното поле.
На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“.
-Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку и јасно кршење на меѓународното право. Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку Путин е безмилосен. Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убивање и целосно да ги повлече војниците од Украина и да се согласи на мировни преговори – рече Шолц.