Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја става на коцка иднината на својата земја со нападот на Украина.
„Војната е, од руска перспектива, крајно глупава“, рече Шолц.
Тој додаде дека Путин, како што рече, „заради своите империјалистички соништа испраќа стотици илјади руски војници на смрт и ги уништува економските односи на Русија со многу земји во светот“.
„И Украина после тоа ќе има посилна армија отколку што имаше порано“, додаде Шолц.
Шолц истакна дека Германија ќе продолжи воено да ја поддржува Украина за да спречи колапс на нападнатата земја и да спречи „јасни прекршувања на правилата во Европа“.
„Путин ја уништува својата земја и нејзината иднина. Мирното решение може да се постигне само ако Русија прифати дека Украина не е вазална држава“, рече тој.