Шолц предупредува: Ќе има последици ако Кина и испрати оружје на Русија

by fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Си-ен-ен  порача дека ќе има последици доколку Кина ѝ испрати оружје на Русија за војната во Украина, но сепак тој е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа.

-Мислам дека тоа би имало последици, но сега сме во фаза кога јасно ставаме до знаење дека тоа не треба да се случи, и јас сум релативно оптимист дека ќе бидеме успешни со нашето барање во овој случај, но ќе мора тоа да го разгледаме и мора да бидеме многу, многу претпазливи, рече Шолц.

Претходно Шолц го повика Пекинг да се воздржи од испраќање оружје и наместо тоа да го искористи своето влијание за да ја притисне Русија да ги повлече своите трупи од Украина.

Поврзани новости