Шолц предупреди: Ситуацијата во Украина е многу, многу сериозна

by Фокус

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска отпатува за Киев, а потоа за Москва, побара од Русија веднаш да покаже знаци на деескалација во односите со Западот во најтешката криза од Студената војна.

-Од Москва очекуваме веднаш знаци на деескалација. Нова воена агресија ќе донесе тешки последици за Русија –  рече тој, опишувајќи ја ситуацијата како „многу, многу сериозна”.

Тој се приклучува на дипломатската офанзива на западните лидери со надеж дека кризата ќе се реши по мирен пат.

Поврзани новости