Шолц: Нема милост за осомничениот за нападот во Минхен, мора да ја напушти земјата

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека човекот, барател на азил од Авганистан, кој со својот автомобил влетал во група луѓе во Минхен „не може да се надева на милост“ и мора да ја напушти земјата.

„Овој сторител не може да се надева на никаква милост. Тој мора да биде казнет и мора да ја напушти земјата“, рече Шолц, објави германскиот магазин „Фокус“, откако 28 лица беа повредени кога 24-годишен бегалец од Авганистан влета со својот автомобил во толпата.

Шолц рече дека мора да се преземат итни мерки против можните закани. Како што претходно беше соопштено, меѓу повредените има и едно дете, кое е во тешка состојба.

Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возачот на автомобилот забрзал, а потоа налетал на демонстрантите во Минхен кои се собрале на покана на синдикатот Верди.

Како што јави ФАЗ, полицијата потврдила дека се работи за намерен напад.

Баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјави дека 24-годишниот возач и претходно и бил познат на локалната полиција поради неговата поврзаност со злоупотреба на дрога и кражба. Возачот е фатен и, според полицијата, не претставува опасност за околината, пренесува Танјуг.

Поврзани новости