Шолц му вети на Зеленски: Солидарноста со Украина е силна и трајна!

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц вети дополнителна германска помош за Украина за време на неговиот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Берлин.

„Ќе ве поддржуваме се додека е потребно“, рече Шолц по средбата со Зеленски.

Тој рече дека Германија ќе продолжи да и помага на Украина на хуманитарен, политички и финансиски план и дека ќе продолжи да помага со оружје.

„Нашата поддршка нема да се поколеба. Германската солидарност со Украина е силна и трајна“, рече канцеларот

Таа укажа и на новиот пакет воена помош во вредност од 2,7 милијарди евра, што германската влада го потврди во саботата.

Шолц уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина и го изрази своето восхитување за „херојскиот отпор“ што Украинците му го пружаат на рускиот агресор.

Зеленски, кој претходно се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, се заблагодари на Германија за поддршката.

„Новиот пакет воена помош претставува многу важна и силна поддршка. Украинскиот народ секогаш ќе биде благодарен за поддршката на Германија“, рече Зеленски.

Тој објасни дека Украина во моментов работи на враќање на окупираните територии и објасни дека украинската армија не напаѓа цели на руска територија.

„Немаме ниту време, ниту сила, ниту оружје за такво нешто. Целта ни е да ги вратиме неправедно окупираните територии“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател апелираше до Германија да придонесе за создавање „коалиција за испорака на борбени авиони во Украина“.

Поврзани новости