496
Српскиот претседател денеска примил писмо кое заеднички го потпишале претседателот на Франција, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Олаф Шолц и премиерката на Италија, Џорџа Мелони, дознава „Танјуг”.
Тие испратиле писмо до претседателот на Србија Александар Вучиќ пред средбата во Брисел на 27 февруари, каде ќе се сретне со косовскиот лидер Албин Курти.
Западните земји ја поздравија иницијативата на двајцата лидери за средбата која долго време ја очекуваа.