Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од германската влада.
Разговорот траел околу еден час, а двајцата разговарале денеска во текот на утрото.
Владимир Путин и Олаф Шолц последен пат разговарале на телефон во декември 2022 година.
Како што соопшти портпаролот на Шолц, Штефен Хебстрајт, за време на раговорот, германскиот канцелар ја осудил руската агресивна војна против Украинаи го повикал Путин да ја прекине со повлекување на трупите.
Шолц, исто така, ја повика Русија да биде подготвена да преговара со Украина за да се постигне праведен и траен мир и ја изрази непоколебливата решеност на Германија да ја поддржи Украина во нејзината борба, се вели во писмената изјава на Хебстрајт.
Тој додаде дека Шолц претходно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека тоа ќе го направи повторно по разговорот со Путин.