511
Германскиот канцелар Олаф Шолц и порача на Кина да не испраќа оружје во Русија, туку да влијае на Москва да ги повлече своите трупи од Украина.
„Разочарувачки е што Кина не го осуди рускиот напад врз Украина, но добро е што Пекинг прави напори да ја намали можноста за нуклеарен конфликт“ – изјави Шолц во германскиот парламент.
„Мојата порака до Пекинг е јасна – користете го сопственото влијание врз Москва за да ги повлечете руските војници. И не му доставувајте оружје на рускиот агресор“, рече Шолц, пренесува Ројтерс.