Шолц и Бајден разговарале за украинската криза: Можен е референдум за Крим

by Fokus

Новиот германски канцелар, Олаф Шолц, вчера телефонски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден, кој му честиташе за назначувањето на функцијата, јави ДПА.

Портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека двајцата лидери ги потврдиле блиските врски меѓу Берлин и Вашингтон, истовремено изразувајќи намера дополнително да ја зајакнат врската на сојузниците.

-Тие се согласија дека трансатлантското пријателство е неопходно за надминување на сегашните и идните предизвици, додаде Хебестрејт.

ДПА, повикувајќи се на соопштението на Белата куќа, уште додава дека двајцата лидери разговарале и за глобалните предизвици, како што се климатските промени и пандемијата на коронавирусот, како и за натрупањето на руските војници на границата со Украина.

МОЖНО Е ОДРЖУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ДОНБАС И КРИМ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека не ја исклучува можноста за одржување референдум за идниот статус на воено разурнатиот исток од Украина и за полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година.

Зеленски не објасни како и кога може да се одржи референдумот, но кажа дека тоа е една од опциите за заживување на закочениот мировен процес во источна Украина и завршување на конфликтот со соседна Русија.

Поврзани новости