Германскиот канцелар Олаф Шолц и германскиот министерот за одбрана Борис Писториус на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, ќе презентираат нов пакет воена поддршка за Украина во вредност од 770 милиони долари, јавува денеска „Зидојче цајтунг“.
Пакетот вклучува два фрлачи Патриот, 24 тенкови Леопард 1А5, 40 пешадиски борбени возила Мардер и 20.000 артилериски куршуми. Украинската армија засега користи најмалку два системи Патриот, едниот од Америка, а другиот од Германија, пренесува Киев Индипендент.
Берлин ќе снабдува и анти-дроновски системи, извидувачки дронови и опрема за теренските болници. Другите членки на НАТО веќе презентираа конкретни предлози за Украина на денот на отворањето на самитот.
Франција вети дека ќе обезбеди ракети со долг дострел SCALP-EG, додека Норвешка ќе ја зголеми помошта за Украина за 238,6 милиони долари.
Сојузниците од НАТО се состанаа во Вилнус на дводневен самит за да разговараат, меѓу другото, за натамошната помош за Украина и кандидатурата на Киев за членство во таа воена алијанса.