Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата земја ќе ги заостри правилата за депортирање, откако серијата напади предизвикаа повици за поцврста позиција кон актуелната миграциска политика, и притоа тој додаде дека величењето на тероризмот во иднина ќе биде доволна причина за враќање на лицата во земјата од која дошле.
– Секој што го велича тероризмот е против сите наши вредности и треба да биде депортиран. Таквите криминалци треба да бидат депортирани – дури и ако доаѓаат од Сирија и Авганистан – рече Шолц.
– Меѓу нас нема место за извршители на тешки злосторства и терористички закани – додаде канцеларот на Германија.
Шолц коментарот го даде по неодамнешниот напад со нож во југозападниот град Манхајм, во кој авганистански државјанин избоде неколку луѓе на антиисламски митинг.
За време на нападот беше повреден и полицаец, кој подоцна почина