Шолц до сојузниците: Сега испратете тенкови во Украина

by Fokus

Сојузниците кои можат да испорачаат борбени тенкови на Украина треба да го сторат тоа сега, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на Минхенската безбедносна конференција.

Тој додаде дека Германија ќе помогне со обезбедување логистика, пополнување на резервите и обука на украински војници.

За мене тоа е пример за тоа што лидерите можат да очекуваат од Германија … Германија и дава на Украина најголема поддршка во континентална Европа. Земјата ќе продолжи да одржува рамнотежа меѓу поддршката на Киев и избегнувањето на ескалација, посочи Шолц.

По зголемениот меѓународен притисок минатиот месец, германската Влада објави дека ќе и испорача на Украина модерни тенкови Леопард 2 од воените резерви за да и помогне да се одбрани од Русија.

Поврзани новости