360
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја истакна потребата да се избегне поширок „пожар“ на Блискиот Исток, откако Хамас го нападна Израел.
Шолц рече дека денеска разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го уверил дека безбедноста на Израел е камен-темелник на германската политика.
Тој вети дека неговата земја „ќе постапи соодветно“ и планира да разговара со египетскиот лидер Абдел Фатах ел-Сиси и да ги поддржи напорите на Каиро да посредува за деескалација на конфликтот.